Почнува 14. Wizz Air Скопскиот маратон

Скопје, 6 мај 2018 (МИА) - Во Скопје денеска се одржува 14-от Wizz Air Скопски маратон. Пријавени се рекордни преку 10.000 маратонци од 58 земји од светот.

Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон стартуваат во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот. Стартот е во центарот на Скопје пред Порта Македонија. Се очекува маратонот да заврши околу 14:00 часот.

На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската рекордерка, Пола Редклиф.

За потребите на организацијата на маратонот Градот Скопје обезбеди логистичка и финансиска поддршка. Сите јавни претпријатија на градот се ставени на располагање да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри. Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери кои се грижат маратонот да помине во најдобар ред.

Виз Ер Скопски маратон константно се надградува и оваа година како дел од настанот се вклучија македонските радија, познати диџеи, бендови и оркестри со цел да ја збогатат целата патека со музика и забава. Неодамна беше пуштена во употреба и новата мобилна апликација за Wizz Air Скопски маратон на која секој заинтересиран може да ги следи своите омилени тркачи во живо. Истата може да се симне на следниов линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.skopjemarathon.

Поради одржувањето на Wizz Air Скопскиот маратон во градот има посебен сообраќаен режим.

Во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон вчера се одржа и Детски мини маратон во општина Аеродром. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе