Почнува производството на специјалниот Bugatti вреден 8 милиони евра

Bugatti веќе лансираше неколку специјални верзии на Chiron, но ова е посебен модел.

И овој модел се базира на Chiron, бидејќи користи иста механичка основа и погон, но со значителни промени. Сепак, тоа е автомобил кој ја одбележува 110-годишнината на компанијата, но и голем пресврт во бизнисот создаден под нова групација со додавање на името Rimac.

За потсетување, Centodieci беше прикажан за прв пат во 2019 година на „Pebble Beach Concours d'Elegance“, а оттогаш Bugatti направи претпродукциска верзија која има поминато дури 50.000 тест километри, вклучително и тест на издржливост на патеката Нардо во Италија.

Токму на оваа патека долга 12,6 километри и ова Bugatti се обиде да вози со максимални 380 км/ч.

Според Bugatti, тестот Centodieci поминувал 1.200 тест километри дневно, а запирал само кога била потребна замена на возачот, ревизија и технички преглед на возилото.

Од компанијата се свесни дека ретко се случува автомобил да вози со „цела“ брзина, но нивната филозофија е дека таквите работи мора детално да се испитаат пред да се започне со сериско производство.

Сосема логично, особено ако се земе предвид дека секој купувач на овој автомобил ќе плати најмалку осум милиони евра.

Инаку, Centodieci е модерна интерпретација на Bugatti EB 110, а придвижуван е од познатиот мотор 8.0 W16 со моќност од 1600 КС.

Достигнува 100 км/ч за само 2,4 секунди.

Тагови
реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе