Поднесено обвинение против поранешниот директор на СОЗР ​

Скопје, 24 септември 2018 (MIA) - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинителен акт против поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Васе Доневски, и уште едно лице,  поради кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

- Во периодот од јуни до август 2015 година, првоосомничениот како директор на владина служба потпомогнат од второосомничениот – како сопственик на правно лице, свесно и со умисла, ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера да прибават значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и за правното лице. Осомничените договориле спроведување на постапка за јавна набавка во која предмет на јавната набавка било одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека осомничените постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки, имале за цел да ја избегнат должноста за претходна согласност од Советот за јавни набавки.

- Во текот на постапката постапиле спротивно и на член 43 став 1 од Законот за јавни набавки кој предвидува дека учесниците во подготвување на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови на група на понудувачи во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Првоосомничениот и покрај направените пропусти не постапил согласно член 169 од Законот за јавни набавки и не ја поништил постапката. Тој злоупотребувајќи ја службената должност со преземенетите дејствија го фаворизирал правното лице на второосомничениот, овозможувајќи само една понуда во тендерската постапка, со што била оневозможена аукција за постигнување негативно наддавање за пониска цена, а на штета на Буџетот на РМ во износ од 660.834.855 денари, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првоосомничениот. За второосомничениот, кој моментално е недостапен за органите на прогонот и по кого е распишана меѓународна потерница, со решение е определена мерка притвор сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Доневски беше приведен на 15 март по истрагата што ја отвори Управата за финансиска полиција, а осомничен е и поранешниот управител на компанијата Секјуриком.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе