Поевтинуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, на бензините за два, а на екстра лесното масло за домаќинство за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 отсто во однос на одлуката од 14 ноември годинава. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887 отсто, кај дизелот за 2,869 отсто, кај екстра лесното за 2,857 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,291 отсто, информираа од РКЕ.

Како што додаваат оттаму, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит., а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 ден/кг и сега ќе изнесува 47,622 ден/кг.

Од 17.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                               91,50 (денари/литар)

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                              94,00          (денари/литар)

Дизел гориво                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                         93,00 (денари/литар)

Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          88,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                   47,622 (денари/килограм)

Од РКЕ Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.11.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. 

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе