Поглед во необичниот норвешки затвор Халден
Иако овој норвешки затвор е со максимална безбедност, чуварите не носат оружје, а ентериерот личи како небаре сте во хотел.
Отворен во 2010 година, затворот не служи само како казнена установа, туку има за цел затворениците да ги рехабилитира. Тие можат да практикуваат разни активности како спортување, музика, дружење како меѓусебно, така и со чуварите.
Се наоѓа во градот Халден во југоисточниот дел на Норвешка.