Објавен е трејлерот за приквел серијата на „The Witcher“. Станува збор за минисеријата „The Witcher: Blood Origin“ чие емитување е планирано за 2022 година, но точниот датум не е познат.
Дејството е сместено 1.200 години пред дејството на првата сезона. По објавувањето на трејлерот, на социјалните мрежи со коментари се јавија обожаватели на книгите, видеоигрите и серијата, а нивните мислења се поделени.
На оние кои ја гледале само серијата не им се допаѓа тоа што е прикажано во трејлерот, сметаат дека недостасуваат многу ликови кои се појавуваат во оригиналот.
Втората сезона на „The Witcher“ може да се гледа на Netflix. За помалку од 24 часа стана најгледана серија. Новата сезона доби и подобри критики од претходната.