Полицаец снимен како зема мито на Ќафасан, доби кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран и сериозен криминал и корупција поднесе кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање сторител по извршување кривично дело по член 365 од Кривичниот законик, извести МВР.

„Првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, на 04.01.2023, од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејство. А, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во оваа полициска станица, дејствата извршени од првопријавениот ги скрил, односно му помогнал да не биде откриен“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплината и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Remote video URL
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе