Полицаец вон должност разби тепачка со предупредувачки истрел во воздух

Физичка пресметка меѓу млади жители на Кичево била прекината  по реакција на полициски службеник кој испукал предупредувачки истрел од пиштол во воздух.

Како што информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, во полициската станица во Кичево приведени се А.И.(22), Ф.Ч.(23), Ф.К.(18) и А.К.(22), сите од Кичево.

Тие на 8 јуни во 21:40 часот, на крстосницата на булеварот „Ослободување“ со улицата „Рудничка“ во Кичево, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

– Со цел да го спречи натамошниот тек на нарушувањето, реагирал полициски службеник-припадник на криминалистичката полиција кој во моментот не бил на должност, тој ја покажал службената легитимација и издал усна наредба кон учесниците да престанат со тепачката.

Во моментот, еден од нив, извадил остар предмет со намера да го употреби, по што, полицискиот службеник од службениот пиштол во воздух испукал еден предупредувачки истрел.

Веднаш потоа тепачката престанала, а учесниците се лишени од слобода, објасни Димоски.

Против нив, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Хроника

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Read more

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Read more

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе