Полицијата да се вакцинира во првата или втора фаза на имунизација, бара МПС

Скопје, 10 февруари 2021 (МИА) – Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање да бидат вакцинирани во првата или најдоцна во втората фаза за имунизација на населението од коронавирусот, побара денеска Македонскиот полициски синдикат преку писмено барања до премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Оливер Спасовски и доректорите Ерол Муслиу, Виктор Димовски и Арафат Муареми.

Претседателот на синдикатот Марјан Кицев кој, како што вели, во име на 8.500 членови бара вработените во овие институции да се вакцинираат во првата или втората фаза на имунизација поради секојдневните активности на овие вработени во справувањето со коронавирусот.

– Наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници. Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат, бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против COVID-19 да вработените во Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и УПФ, Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик односно нивната имунизација да биде планирана во првата или најдоцна во втората фаза на имунизација, се наведува во писменото барање на Синдикатот.

Според нив, ова барање произлегува поради фактот дека вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажале својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе