Полицискиот час од 22 до 5 часот останува во сила до 6 април

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, од 23 март до 6 април.

Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше донесена на 10 март.

Целта на неговото воведување беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Најновите состојби во државата предизвикани од пандемијата беа тема на вчерашната редовна седница на Главниот координативен кризен штаб на која учествуваше и претседателот Стево Пендаровски, при што беа разменети информации и мислења за актуелните мерки за спречување и ширење на вирусот COVID-19.

Како што информираат од неговиот кабинет, на седницата ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа за тековните активности, за преземените мерки и за ефектите од нивната имплементација.

Претседателот Пендаровски посочи дека сите надлежни институции треба да продолжат со максимална посветеност и координирано да ја следат епидемиолошката состојба и доколу има потреба да се разгледаат можностите за надополнување на мерките.

Посебно потенцираше дека додека не се создадат услови за масовна имунизација на населението, граѓаните треба да продолжат со совесно и одговорно однесување и да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека нема мерки и покрај четирицифрените бројки на новоинфицирани за 24 часа.

– Системот е целосно организиран. Ова го повтори Венко Филипче и по вчерашната средба со менаџерите на клиниките во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“ и на Градската општа болница „8 Септември“. Ова Филипче го повторува постојано, ама никако да се фати за работа и да организира здравствениот систем за да одговори на последиците од корона-кризата. Дури и мерките кои се носат се под политики диктат. Викендов конкретно, многу очигледно е дека нема мерки и покрај четвороцифрените бројки на новоинфицирани за 24 часа. Бројката на починати достигна безмалку 3500 лица. Или само во март во првите 15 дена се починати 200 лица. Сето ова говори за негрижата за здравјето на граѓаните, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе