Полска одлучи: Референдум за пензионирање истиот ден со изборите

Полските пратеници одлучија референдумот за зголемување на границата за пензионирање и политиката за азил да се одржи на денот на парламентарните избори на 15 октомври, а со овој потег, сметаат аналитичарите, владата сака да ги мобилизира своите гласачи.

Владејачката националистичка партија Право и правда (PiS) вели дека сака народот да одлучува за четири прашања - приватизација на државните компании, зголемување на границата за пензионирање, подигање ограда на границата со Белорусија и планирана реформа на европската политика за азил. Но, опозицијата ја обвинува PiS дека го користи референдумот за да ги мобилизира своите гласачи и да ја демонизира опозицијата.

PiS тврди дека главната опозициска либерална партија Граѓанска платформа (PO) е продолжување на странските интереси, особено оние во Германија, и дека сака да продава државен имот на компании од таа земја. Владата ја критикува и PO за мекост кон мигрантите и потсетува дека кога беше на власт, таа партија ја зголеми границата за пензионирање, со што им сугерираше на гласачите дека тоа ќе го направи повторно ако има шанса повторно да управува со земјата.

Од PO ги отфрлаат критиките и велат дека актуелната власт е таа што продавала државни фирми под цената и ги вработувала своите поддржувачи на добро платени работни места. Што се однесува до мигрантите, PO вели дека PiS не била ефикасна во запирање на илегалните мигранти и го зголемил бројот на визите за работниците од Азија и Блискиот Исток. Минатата година Унгарија организираше референдум за ЛГБТ прашања во исто време со изборите.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе