Пописот треба да го спроведеме и секој да си ја преземе одговорноста, порача Заев

Пописот треба да го спроведеме, тоа е статистичка операција и секој треба да си ја преземе одговорноста, вели премиерот Зоран Заев.

– Има земји кои што го одложиле, но тие имаат последни податоци од пред 10 години. Ние имаме последни податоци од пред 20 години и навистина правиме грев пред граѓаните со сето тоа што е работење на јавните институции со нивните пари на непознати податоци. Треба да го споведеме пописот и апсолутно е јасно како операцијата се спроведува со анкетен прашалник, согласно протоколите, како што течат сите постапки. Можеме да го завршиме пописот. Тоа е статистичка операција и треба да си ја земеме одговорноста, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешната посета на „Скопје Ист Гејт“.

Тој појасни дека пописниот прашалник оваа година е олеснет не само кај нас, туку и во многу други земји.

– Сите податоци кои што ги имаме од базите не ги попишуваме, ги имаме. Тие што не ни се докомплетирани, ги попишуваме и ги споредуваме со базите. Но, има податоци кои што ги нема во ниедна база, како што е верска определба, етничка определба. Морате да го направите. Има сигурно и други податоци кои што се собираат директно, како што се членови на домаќинства, бројот на членови, на деца, образование и слично. Затоа пописот е намален во делот на прашалниците, за еден дел веќе имаме електронски податоци, а еден дел само го споредуваме, вели Заев.

За локалните избори изјави дека очекува успешно да бидат спроведени во октомври со земање на отпечаток на прст, но вели потребно е да се донесе Изборниот законик кој се носи со консензус, а кој треба да одговори на сите дилеми.

– Правиме сè што можеме да направиме. Последната дилема е во ридско планински места ако е слаб интернетот и не може да се користи самата база дали се повторува гласањето или се овозможува на стариот начин да се гласа. Таа дилема треба да ја разрешат работните групи за нас е прифатливо како ќе одлучат сите се со цел да имаме договор со сите. Очекувам да имаме успешни избори во октомври со фингертип, отпечаток од прст. Тоа е заложбата на сите. Сум ја барал како опозиција, а сега опозицијата ја бара и ред е да ја дадеме, а впрочем и е зголемување на довербата на граѓаните во изборните резултати, изјави Заев. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе