Поранешен руски генерал: На повидок е последната војна на човештвото

Поранешниот руски генерал Евгениј Бужински предупредува дека светот се наоѓа пред последната војна во историјата на човештвото. Причината, според него, се наоѓа во случајот со труењето на некогашниот руски шпион, Сергеј Скрипал.

Според Бужински, дипломатските односи помеѓу Русија и Западот се разнишани и се наоѓаат на ниво полошо од Студената војна, и затоа би можеле да завршат во вооружен конфликт.

Пензионираниот генерал Евгениј Бужински за BBC Radio 4 изјави дека ситуацијата е полоша од Студената војна бидејќи доколку ваквиот однос продолжи и ситуацијата се одвива по природниот пат, би можела да заврши многу полошо од Студената војна.

„Вистинска војна, многу посурова од Студената војна се заканува на човештвото и тоа би можела да биде последната војна во историјата на човештвото“, рече Бужински.

Тој додаде дека вистинската причина за војната не е нападот на рускиот шпион Скрипал и неговата ќерка, туку она што се случи подоцна. Односот помеѓу големите сили, според него, е целосно срушен.

„Погледнете го притисокот од САД, велат дека тој притисок нема да престане. А што ќе постигнете со тоа? Ако мислите дека ќе го смените режимот во Русија, тогаш тоа е бескорисно, ја ставате Русија во ќош, а тоа е опасна работа“, додаде некогашниот руски генерал.

Поранешниот украински претседател Виктор Јушченко, кој беше отруен во текот на претседателската кампања вчера го предупреди светот дека Европа е „слепа за опасноста која доаѓа од Русија“.

За сето ова време, Русија негира дека има било каква поврзаност со труењето на некогашниот шпион Скрипал, кој и понатаму се наоѓа во критична состојба.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе