Поранешната принцеза на Катар пронајдена мртва во Шпанија

Поранешната принцеза на Катар е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Шпанија, среде битката за старателство со поранешниот сопруг кого го обвини за злоставување на едно од нивните деца.

Касија Галанио почина на 45 години, а беше трета жена на милијардерот Абдулази бин Калифа ал Тани (73), вујко на Емирот на Катар. Таа тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг, некогашниот министер за нафта и финансии во Катар, сексуално малтретирал една од нивните три ќерки.

Галанио, која живееше во раскошен стил, одеше на забави со славни личности и присуствуваше на венчавката на Софија Вергара во 2015 година. Пронајдена е мртва во Шпанија, по сомнежи дека се предозирала.

Според пишувањето на Le Parisien, шпанската полиција го пронајде нејзиното тело во кревет, без знаци на физичко насилство. Таа е пронајдена откако нејзината најмала ќерка од Париз ја извести шпанската полиција дека со денови не може да стапи во контакт со мајка си.

Весникот пишува дека домарот на зградата дозволил полицајците да влезат во нејзиниот стан во неделата околу 8 часот наутро. На 19 мај судот во Париз ги отфрлил нејзините барања за старателство над ќерките. Галанио неодамна мина неколку месеци во болница, а медиумите пренесоа дека страдала од нервен слом. Како резултат на тоа, судијата го одложил случајот додека не изврши психолошка проценка за подобро да се разберат околностите во семејството.

Парот има седумнаесетгодишни и ќерка која има 15 години и понатаму живее со таткото во луксузен стан во Париз, каде тој е прогонет по пучот предводен од неговиот полубрат Хамад бин Калифа ал Тани во 1995 година.

Поранешниот кралски пар веќе 15 години се наоѓа среде битка за старателство над децата. Ал Тани ја обвини поранешната сопруга дека е алкохоличарка со ментални проблеми, а таа него за сексуално малтретирање на една од ќерките. Јавното обвинителство во Париз отвори истрага за обвинувањата за тежок сексуален напад.

Галанио по потекло е од Полска, израсната е во Лос Анџелес, а бившиот сопруг го запознала кога имала 19 години.

Ќе биде направена обдукција за да се открие точната причина за смртта.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе