Породилното отсуство заглави на процедура

Граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци беше прв камен на сопнување за пратениците од власта и од опозицијата на новиот парламентарен состав. Спротивставени ставови, реплики на реплики, до процедурални забелешки беа користени на денешната комисиска расправа.

Иако навидум за сите беше прифатлива иницијативата, пратениците заглавија околу тоа дали таа е во согласност со законот или не, со оглед на фактот што во неа стои дека наместо измена на законот за работни односи стои измена на закон за породилно боледување, а таков закон не постои. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во процедурални забелешки бараа да се гласа дали е уредна или не инцијативата. Дури бараа да се гласа со издвоено мислење.

„Ваш пропуст е што сте примиле документ за кој сметате дека не е уреден. Ние бараме оваа иницијатива да се прифати, за нас е во ред. Не дозволуваме да го кршите деловникот, се гласа по точка од дневен ред. Бараме да има издвоено мислење, кој мисли како нас нека ни се приклучи”, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран  Илиоски.

Пратениците од мнозинството сепак го усвоија заклучокот со кој се констатира дека иницијативата не е уредна, но пратениците ја преземаат обврската да ја преточат во соодветно законско решение, кое ќе влезе во собраниска процедура.

„Иницијативата од формално правен аспект е неуредна, но ние не ја отфрламе. Во име на граѓаните ќе ја преточиме во закон“, заклучи Александар Кирацовски, пратеник на СДСМ и претседател на Комисијата за политички систем.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе