На стартот дерби ќе играат ко-домаќинот Аргентина против Чиле, додека бранителот Бразил со другиот ко-домаќин Колумбија ќе игра тек во четвртото коло.
Четириесет и седмото издание на јужноамериканското првенство ќе се игра по нов формат. Дванаесетте репрезентации се поделени само во две групи и секоја брои по шест.
Жрепка не се влечеше за групите бидејќи тие беа однапред одредени. Со оглед на тоа што ко-домаќини се Колумбија и Аргентина. две репрезентации од различен дел на континентот, уште во април годинава беше одлучено репрезентациите од северот на Јужна Америка да бидат во групата на Колумбија, додека оние од јужната половива да одат во Аргентина.
Она што се дозна при денешната жрепка беше тоа во која група ќе игра секоја од двете репрезентации кои како гости учествуваат на првенството, а тие се Австралија и Катар. „Кенгурите“ отидоа кај Аргентина, а Катар кај Колумбија.
Беше направен и распоредот по кој ќе се игра првенството кое ќе почне на 12 јуни и ќе трае точно еден месец со финалето на 12 јули.
Група А
1. коло
Аргентина - Чиле
Австралија - Уругвај
Парагвај - Боливија
2.коло
Аргентина - Уругвај
Чиле - Боливија
Парагвај - Австралија
3. коло
Аргентина - Парагвај
Уругвај - Чиле
Австралија - Боливија
4. коло
Чиле - Парагвај
Австралија - Аргентина
Боливија - Уругвај
5. коло
Боливија - Аргентина
Чиле - Австралија
Уругвај - Парагвај
Група Б
1. коло
Колумбија - Еквадор
Бразил - Венецуела
Перу - Катар
2. коло
Колумбија - Венецуела
Перу - Бразил
Еквадор - Катар
3. коло
Колумбија - Перу
Венецуела - Еквадор
Бразил - Катар
4. коло
Бразил - Колумбија
Еквадор - Перу
Катар - Венецуела
5. коло
Катар - Колумбија
Еквадор - Бразил
Венецуела - Перу
Првенството ќе се игра во пет градови во Аргентина (Буенос Аирес, Кордоба, Ла Плата, Мендоза и Сантјаго дел Естеро) и четири во Колумбија (Баранкиља, Медељин, Богота и Кали). Финалето ќе се игра во Баранкиља.