Неколку лица попладнево се повредени во напад со нож на метро станица во Брисел, наведува белгиски дневен весник на француски јазик Le Soir.
Нападот се случил, околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој е уапсен, пренесува британски Express.
Според неофицијални информации на градските власти, нападот не е терористички акт, туку е од приватни причини.
Според сведок на инцидентот, цел на напаѓачот биле жени. Друг сведок, пак, наведе дека најмалку една жена се здобила со убодна рана на вратот.
Првичните сознанија велат дека човекот прво со ножот нападнал патници во возот, а потоа се симнал од возот и почнал да напаѓа други луѓе.
Полицијата потврди дека се случил инцидентот.