Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

„Со оглед на тоа што инфективната клиника после еден сериозно долг временски период целосно се исполни, еве денеска веќе ќе започне со работа повторно и модуларната болница“, соопшти министерот Венко Филипче.

„Веќе е подготвен кадарот, којшто сега повторно исто како во месец ноември работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделенија повторно ја воспоставивме онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет“, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на МРТ.

Тој посочи дека вакцинацијата од утре ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје, кадешто ќе се користи тамошниот вакцинален пункт.

„Имаме резерви, тоа што беше активно во текот на изминатата година во смисла на дополнителни одделенија, дополнителни кревети, целосно сме подготвени ако има потреба да се сместат пациенти таму. Понатаму модуларните болници, сега се речиси сите во функција, има уште неколку кои што треба да се стават во функција на болниците, со тоа многу болници добија нови болнички капацитети. 10.000 квадрати на нови болнички капацитети се подготвени насекаде во државата“, потенцираше Филиче.

Министерот информираше дека сега и во текот на викендот, заклучно со понеделник или вторник ќе согледаат дали овој раст на пациенти ќе биде тренд и ќе се зголемува и понатаму, што е, како што рече, едното сценарио и еден дел од епидемиолизите сметаат дека ќе се случи или завземе едно плато, затоа останува да видиме.

„Сè уште има дилема затоа што ударот во болниците не е таков каков што беше лани, меѓутоа сме подготвени да интервенираме доколку треба и со дополнителни мерки, односно рестрикции таму каде што сметаме дека треба да се имплементираат“, заклучи Филипче. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе