Пожарите во Австралија создаваат огнено торнадо

Големите пожари што ја уништуваат Австралија произведуваат толку многу топлина што создаваат огненo торнадо.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс предупреди дека крајбрежниот пожар создава микро-клима на 287 километри јужно од Сиднеј.

– Тоа е многу опасна ситуација. Следете ги условите околу вас и преземете соодветни мерки, објави противпожарната служба на социјални мрежи.

Пожарите, потпомогнати од високите температури и силниот ветер, продолжуваат да пустошат на источниот брег на Австралија.

Австралиските власти велат дека очекуваат дека пожарот ќе продолжи да се шири.

Шеснаесет пожари во австралиската држава Викторија се обележани со највисоко ниво на опасност и луѓето во тие области се евакуирани.

Во Нов Јужен Велс има 12 активни и големи пожари, а пожар има на повеќе од 100 локации во двете држави.

Откако избувнаа нови пожари и некои од постојните се вон контрола, министерот за транспорт на Нов Јужен Велс, Ендру Констанс, ја нарече ситуацијата катаклизмична.

– Морам да бидам искрен, ова не се шумски пожари, ова е атомска бомба, рече Констанс.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклиан изјави дека ситуацијата со пожарот е „многу променлива“.

– Пред нас е долга ноќ и најлошото допрва треба да се случи, рече Берџиклиан.

Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека досега загинаа 23 лица, од кои дванаесет загинаа оваа недела. 

реклама

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Нови видеа

play_arrow

Кој е најдобриот метод на повремено постење ако сакате да слабеете?

Read more
play_arrow

7 најголеми митови во современиот фудбал

Read more
play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Read more
play_arrow

10 најдобро облечени на Оскарите 2024

Read more
play_arrow

Проколнатиот стадион што се гради 40 години

Read more
play_arrow

Што е траума и како да се справите со нејзините последици?

Read more
play_arrow
10 најдобри филмски дијалози на сите времиња

10 најдобри филмски дијалози на сите времиња

Read more
play_arrow

Искрен трејлер за Aquaman and the Lost Kingdom

Read more
play_arrow

Фудбалски „промашувања“ што се покажаа како голем успех

Read more
play_arrow

Јавно распоредување - неофицијалната комунистичка химна на Источна Германија

Read more
play_arrow

Машки свет: Како да ги стопите масните гради?

Read more
play_arrow

Фејл ферка: Америка - Британија

Read more