Пожарот на Плетвар сè уште не е изгаснат

Пожарот под планинскиот превој Плетвар e сè уште активен на двете страни од патот Прилеп – Градско, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од таму информираат дека гори сува трева и нискостеблеста мешана шума, а во гасење интервенираат пожарникари од Прилеп, вработени од ШС „Црн Бор“ и од ДЗС Прилеп.

Активен пожар има кај село Долгаец и на истиот интервенираат вработени од ШС „Црн Бор“ од Прилеп и лица од Ловечкото друштво „Црнилишта“.

Од ЦУК информираат дека во општина Битола, активен е пожарот во месноста Кравица на планината Ниџе. Гори борова шума во тешко пристапен терен.

Пожарот во атарот на село  Фурка, со правец на ширење кон Дојран, исто така, сè уште е активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста мешана шума од прнар, смреки и габер на тешкопристапен терен. Во негово гасење интервенираат вработени од ШС „Кожув“ – Гевгелија.

Во општина Крива Паланка пожарот во атарот на село Баштево е локализиран. Опожарена е површина со нискостеблеста борова и мешана шума.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе