Позитивни 2,4% од тестираните, неделава се очекува дополнително олабавување на мерките

Скопје, 12 април 2022 (МИА) – Од вкупниот број тестирања во текот на вчерашниот ден, позитивни се околу 2,4 проценти од новите случаи или 23 новозаболени на 953 тестирања, од кои еден е случај на реинфекција. Најголем број новозаболени има во Скопје – 19, како и најмногу активни случаи – 621.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден починато е едно лице на 80-годишна возраст во болнички услови со коморбидитети.

Забележани се 190 оздравени пациенти, со што бројот на активни случаи на ниво на држава е 1.211.

Во текот на оваа недела се очекува Владата да ги прифати мерките што Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела, односно укинување на задолжително носење маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, аптеки, јавен превоз и домови што згрижуваат лица. Исто така, препорачано е да не се следат контактите на новозаболените.

Засега остануваат актуелните мерки, учениците од средните и основните училишта немаат обврска да носат заштитна маска во училиштата, а дозволено е да се организираат училишни екскурзии. Студентите повторно ја следат наставата со физичко присуство, но задолжително е носење заштитна маска. Исто така, зголемен е капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти и во шопинг центрите.

Во Грција вчера беа утврдени актуелните мерки што ќе важат до 18 април оваа година. За влез во земјата потребно е европски дигитален сертификат за COVID-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. Непроменета останува и мерката за задолжително носење маска за сите затворени простори, а за влез во сите објекти, потребен е документ за Ковид-19 кој се скенира со специјална апликација. Исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе