Пратениците расправаа за Предлог-законот за попис, седницата ќе продолжи утре на пладне

Пратениците попладнево во рамки на продолжението на 29. седница расправаа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка. Седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека треба попис и се за спроведување попис, но, како што велат, според европски регулативи. Според нив, процесот се води скандалозно, без ВМРО-ДПМНЕ, и нема да даде точни податоци и имаат сомнеж за резултатите од пописот. Прашаа дали ќе се попишуваат државјани на земјава или резиденти, што ќе се случи со двојните државјани, дали ќе се добијат реални податоци и дали тие понатаму ќе се класифицираат, што е целта со податоците што ќе се добијат.

Со вака предложениот закон, според нив, му се даваат преголеми овластувања на едно лице, тоа е директорот на Државниот завод за статистика, кој ја пропишува методологијата за пописот.

Сметаат дека за пописот нема национален и општествен консензус и оти поднесените 40 амандмани на опозицијата не биле прифатени од владејачкото мнозинство. Посочија дека поради КОВИД-19 многу поразвиени држави го одложиле пописот, како Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Хрватска…

„Овој закон треба да го повлечете ако имате доблест. Да не го злоупотребувате европското знаменце“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски. Тој повика да се отвори дебата меѓу релевантните ентитети во земјава, да се постигне консензус, а ако тоа не се случи најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање потписи за поништување на овој Предлог-закон.

Пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека пописот е една статистичка операција од која зависи иднината на државата. -Од оваа статистичка операција, која треба да биде статистичка, а не политичка, зависи развојот и на економијата, на образованието, на земјоделството…, истакна Ефтимов, додавајќи дека се се сведува на еден политички договор.

Пратениците, пак, од СДСМ истакнаа дека со овој закон се прави попис, а не се спроведуваат избори и не се прави избирачки список. Прашаа зошто ВМРО-ДПМНЕ во минатото и сега бега од попишување на населението и домаќинствата. Нагласија дека мораме да имаме попис и мораме да знаеме со што располагаме, со кои човечки и други ресурси и во која насока да се креираат идните политики на државата. Според нив, една сложена статистичка операција пратениците од опозицијата на говорница ја претвораат во, како што велат, лакрдија и политичко надмудрување.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Македонија

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Read more

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе