Утрово пред Министерството за култура камионче за дотур на стока прегази повозрасна жена.
Според очевидци, камиончето се движело во рикверц. Телото на жената, како што пренесуваат медиумите, цели три часа лежело на земја, од 8 и 30 утрово до 11 и 30, а предмалку било однесено во капела.
Полицијата врши увид на лице место.