Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета

МИА / КАЈГАНА
/ 23.07.2020 / 10:37

Секој има право на здрава Планета, е глобалната кампања што ја покренаа повеќе од 100 граѓански организации низ целиот свет. Тие бараат од Обединетите нации да се воведе нов член во Универзалната декларација на човекови права за да се осигура универзално право на здрава природна средина.

Кон ваквата иницијатива се приклучи и Македонско еколошко друштво (МЕД).

– Доколку ја потпишете оваа петиција ни овозможувате да бараме од нашите претставници во Обединетите нации да ја поддржат оваа иницијатива. Вашиот глас овозможува подобра основа за борба со климатските промени и загадувањето, подоследно применување на националните закони од областа на заштита на животната средина и посуштинско информирање и образование за оваа тема, наведува МЕД, посочувајќи го линкот до петицијата: http://mes.org.mk/zhivot-na-zdrava-planeta-treba-da-bide-chovekovo-pravo/.

Доколку граѓанските организации ширум светот успеат во иницијативата, ова ќе биде првиот амандман кон Декларацијата од нејзиното воспоставување во 1948 година.

Според заменик-директорот на Македонско еколошко друштво, Методија Велевски, ниту една држава, односно нејзините граѓани, не можат целосно да се изборат за ова право настапувајќи самостојно.

– Како еколошка организација, нам ни е драго дека нашиот устав го гарантира правото на секој граѓанин на здрава животна средина. Од друга страна, сведоци сме дека тоа е гаранција која тешко се исполнува. Затоа ни е јасно дека ниту една држава, односно нејзините граѓани, не можат целосно да се изборат за ова право настапувајќи самостојно. Природата, животната средина - тие немаат граници и сè додека нивната заштита не стане цел на сите граѓани на планетата, човештвото ќе се соочува со зголемен ризик од влошување на условите за живот. Во таква состојба, гарантирањето и исполнувањето на гаранциите за здрава животна средина, како основно човеково право, мора да ги надрасне државните граници. Затоа и вас ве повикуваме да учествувате во оваа глобална кампања, да помогнете правото на здрава планета да биде универзално право“, изјави Велевски, по повод почетокот на оваа глобална кампања, вели Велевски.

Кампањата #1Planet1Right (Една Планета – едно право) е посветена на воспоставувањето ново универзално човеково право, правото на здрава природна средина. Кампањата ја води најголемото светско партнерство на организации за зачувување на природата, BirdLife International заедно со други граѓански организации како ClientEarth и Глобалниот пакт за животна средина.

Специјалниот известувач од ОН за човекови права и животна средина, Дејвид Бојд, исто така ја поддржа кампањата. Кампањата испрати и писмо до Антониу Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, на Денот на планетата Земја и побара воведување на ова човеково право. Лансирањето на глобалната петиција е дополнителен притисок врз ОН да го разгледа барањето.

Кампањата #1Planet1Right ги повикува Обединетите нации да гласаат правото на здрава природна средина да биде дискутирано во Советот за човекови права, во Генералното собрание на ОН и како итна тема да се постави на Самитот на ОН за биолошка разновидност во средината на септември 2020, со цел ова право и конечно да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права до 2023 година.

Според Светската здравствена организација, 23 отсто од смртните случаи во светот се поврзани со загадување или уништување на нашата природна средина, а стотици милиони луѓе страдаат од болести поврзани со нездрава животна средина. Проблемот со COVID-19 е вкоренет во загубата на живеалишта и нелегалната трговија со диви животни. Ова ново човеково право може да овозможи глобално зелено заздравување, кое на светот му е потребно по пандемијата.

Специјалниот известувач од ОН, Бојд, смета дека правото на здрава планета, како универзално признаено човеково право, би било силна алатка во битката за спасување на нашиот живот на планетата.

– Осигуреното право на здрава природна средина е она што им овозможува на многу држави во светот да напредуваат. Затоа сега треба да го искористиме налетот на глобалните еколошки кризи за да ги убедиме Обединетите нации дека признавањето на ова право ќе биде од корист за сите нас. Човековото право на здрава планета, ако се признае од страна на сите нации, ќе биде едно од најважните човекови права во 21. век, истакнува Бојд.

Извршната директорка на BirdLife International, Патрисија Сурита е на ставот дека здравјето на нашата планета е наше здравје.

– Ако нашата планета е болна, и ние сме болни. Нашата планета никогаш не била поболна од сега. Опстанокот на човештвото е веќе загрозено од климатските промени, кризата со загуба на биолошката разновидност и пандемија која нè бутка чекор поблизу до работ. За да направиме трансформација и да го спасиме нашето општество, почетната точка мора да биде еднаква појдовна точка за сите - право на здрава планета за сите, подвлекува Сурита.

Според Светската здравствена организација, 12,6 милиони смртни случаи секоја година се предизвикани од нездрава животна средина: воздушно загадување, неадекватно управување со вода и влијанието од климатските промени.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе