Претпазливо се тргува на светските берзи, скок на Волстрит

На Волстрит цените на акциите пораснаа и минатата недела, втора по ред, додека тргувањето беше попретпазливо на другите најголеми берзи во светот, бидејќи поради високата инфлација можно е дополнително заострување на монетарната политика.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела зајакна 0,7 отсто, на 34.283 поени, додека S&P 500 зајакна 1,3 отсто, на 4.415 поени, а индексот Nasdaq за 2,4 отсто, на 13.798 поени.

Откако цените на акциите силно пораснаа пред една недела, благодарение на верувањето на инвеститорите дека циклусот на зголемување на каматните стапки е завршен, светските берзи минатата недела се тргуваа повнимателно.

Инвеститорите беа поколебани од претседателот на ФЕД, Џером Пауел, кој во четвртокот рече дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

На состанокот на Меѓународниот монетарен фонд Пауел изјави дека е задоволен од слабеењето на инфлацијата, но дека не е сигурен дека ФЕД направил доволно.

„ФЕД е решен да постави доволно рестриктивна монетарна политика за да ја намали инфлацијата на целното ниво. Сè уште не сум сигурен дека сме го постигнале тоа“, рече Пауел.

Аналитичарите велат дека Пауел ги ставил инвеститорите во состојба на готовност.

„Пауел зазеде цврст став. Тој му кажа на пазарот дека борбата против инфлацијата сè уште не е добиена и ако тоа го бара економската ситуација, тој нема да се двоуми дополнително да ги зголеми каматните стапки“, објаснува Питер Кардило, економист во Spartan Capital Securities.

Покрај Пауел, многу други функционери на ФЕД сигнализираа дека е можно уште едно зголемување на каматните стапки, имајќи предвид дека инфлацијата останува далеку над целта на ФЕД од 2 отсто.

И покрај овие пораки, повеќето аналитичари сметаат дека тоа нема да се случи. Сепак, тие проценуваат дека ФЕД би можел да ги задржи каматните стапки на покачени нивоа подолго од претходно очекуваното.

Поради ова, тргувањето беше претпазливо во текот на целата недела.

Неделниот раст на Волстрит е благодарение само на скокот на цените на акциите на технолошките гиганти, како Microsoft, Meta и Nvidia, на крајот на неделата.

„Во средина на високи каматни стапки и забавување на економскиот раст, инвеститорите веруваат дека најдобро е капиталот да се префрли на акциите на технолошките гиганти“, рече Рик Меклер, партнер во Cherry Lane Investments.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се лизна минатата недела за 0,8 отсто, на 7.360 поени, а париски CAC 0,1 отсто, на 7.045 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,3 отсто, на 15.234 поени.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Бизнис

Пад на Волстрит - се чекаат бројките од Црн петок и Сајбер понеделник

Read more

Нов притисок за цените на нафтата

Read more

Цените на нафтата паѓаат четврта недела по ред: Трговците стравуваат од слабеење на побарувачката

Read more

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе

Поради Лавров: Украинскиот министер Кулеба не доаѓа на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Читај повеќе