Претседателот на ФИФА доби македонски дрес

Претседателот на ФФМ оствари официјална средба со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих при што му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација.

Муамед Сејдини, кој е претседател на Фудбалската федерација на Македонија, на средбата со Инфантино добил потврда за поддршката која нашата федерација ја добива од ФИФА, потенцирајќи дека Светската фудбалска асоцијација ќе остане цврст партнер на ФФМ.

„Благодарност до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш потврдуваме дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија“, рече Сејдини по остварената средба.

„ФИФА и претседателот Инфантино многупати досега ја искажуваа својата поддршка за Фудбалската федерација на Македонија и затоа цврсто веруваме во стратегијата и мисијата на ФИФА под водство на г-дин Инфантино. ФФМ ќе продолжи да дава придонес за идеите, сегашните и идните проекти на ФИФА кои секогаш се усмерени кон развој на фудбалот“, ФФМ ја пренесува изјавата на Сејдини.

Џани Инфантино е на чело на ФИФА од 26 февруари 2016 година, а претходно беше генерален секретар на УЕФА кој на јавноста ѝ беше најпознат како човек кој ги водеше жрепките од Лигата на шампиони. Тој е 9-тиот претседател на ФИФА.

„Разговаравме за македонскиот фудбал и проектите кои се насочени за негов развој. Ги потенциравме нашите заложби за подобрување на инфраструктурата, зголемување на фудбалската база и континуираното вложување во академиите и националните тимови. Кога ќе погледнеме наназад, гледаме и грешки. Каде што се луѓето, секогаш ќе се случуваат и грешки, но најважно е да учиме од нив. Она што без двоумење можам да го кажам е тоа што секој чекор кој ФФМ го направи во изминатата година е воден со чесна намера и во правец на развој на фудбалот. И тоа во разговорот му го кажав на г-дин Инфантино. Се разбира, голема помош добиваме од ФИФА, посебно преку програмата FIFA Forward, преку која вложуваме во развој на фудбалот“.

„Мене ми е драго што и малите федерации, како нашата, се повикани да го кажат своето мислење и сугурен сум дека можеме да најдеме решение кое ќе биде добро за сите, а претседателот Инфантино покажува дека знае да пронајде вистинска рамнотежа“.

„Од име на ФФМ благодарност до г-дин Инфантино за убавите зборови искажани за нашата Федерација и се надевам дека и во иднина ќе работиме уште повеќе за промоција и унапредување на фудбалот“, заврши претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе