Претседателот на Шри Ланка не ја поднесе ветената оставка

Претседателот на Парламентот на Шри Ланка Махинда Јапа Абејвардена чека на писмото со оставка од претседателот Готабаја Раџапакса, соопшти информативниот портал News First повикувајќи се на изјава на претседателот на Собранието.

Абејвардена уште потсети на ветувањето на Раџапакса дека оставката ќе да достави по писмен пат в среда, на 13 јули, но оти документот се уште не стигнал во Парламентот.

Денеска на веб-страницата на весникот Lanka Daily Mirror беше објавено дека Раџапакса во средата не полетал од Малдивите за Сингапур. Претседателот и неговата сопруга, заедно со двајца безбедносни службеници, планирале да го напуштат Мале во среда, но не се качиле во авионот за Сингапур од безбедносни причини.

Претседателот на Шри Ланка, Раџапакса, придружуван од неговата сопруга, во средата вечерта со воен авион го напушти Коломбо и полета за Малдиви. Тој остави писмен документ со кој го информира претседателот на Парламентот дека го назначил премиерот Ранил Викрамасинге за вршител на должноста претседател поради „отсуство од земјата“.

Потоа беше објавено дека Раџапакса ќе испрати формално писмо со оставка до претседателот на Парламентот, Махинда Јапа Абејвардена. Според индиската телевизија Република, Раџапакса ќе добие азил во Сингапур.

Минатата сабота илјадници демонстранти излегоа на улиците на Коломбо барајќи оставка од шефот на државата. Ги зазедоа резиденциите на претседателот и премиерот, а опожарена беше и личната резиденција на премиерот. Протестите предизвикани од лошата финансиска и економска состојба на островот не стивнуваат од почетокот на април. Земјата се соочува со сериозен недостиг од девизи, горива, нафтени деривати, ѓубрива, храна за одредени групи население и лекови.

Во такви услови мнозинството на населението бара целосна смена на власта.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе