Пригожин е мртов, објави руската Управа за цивилно воздухопловство

Макфакс
/ 24.08.2023 / 08:14

Руската Управа за цивилно воздухопловство потврди дека Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин загинале во синоќешната авионска несреќа.

„Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин, беа на летот“, се вели во соопштението.

Сите десет лица во авионот, тројца членови на екипажот и седум патници, загинаа во авионската несреќа во регионот Твер. Основачот на Вагнер се најде на списокот на патници.

Патниците биле: Евгениј Пригожин, Дмитриј Уткин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макарјан, Александр Тотмин, Валериј Чекалов и Николај Матусејев. Инаку, Чекалов бил на чело на службата за обезбедување на Вагнер. Членовите на екипажот беа: командантот Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.

Смртта на Пригожин беше потврдена и од GREY ZONE, канал на Telegram тесно поврзан со Вагнер.

„Шефот на Вагнер, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на постапките на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија!“ објавија тие.

Рускиот медиум Фонтанка објави дека во авионот што се урнал бил Евгениј Пригожин. Нивниот извор потврди дека во авионот биле и другите команданти на Вагнер. Уште еден авион, кој исто така се поврзува со Пригожин, слета на аеродромот „Остафјево“.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе