Природата е бесна: Северната хемисфера гори, се топи асфалтот и умираат луѓе на 50°C

Канадскиот град Литон стана светски познат по рекордните температури оваа година, но и по жртвите на топлотниот удар што уби стотици луѓе во текот на една недела и предизвика повеќе од 240 пожари низ Британска Колумбија, од кои повеќето уште се активни.

Температурите во Литон достигнаа неверојатни 49,6 Целзиусови степени, што е драматично повисока од вообичаените температури во јуни од околу 25°C. Ноќите беа особено топли минатата недела, а дополнителен проблем е што станува збор за регион чии жители генерално немаат климатизација во нивните домови и работни простории.

Откако пожарите се проширија и Литон беше покриен со чад и пепел, стотици жители го напуштија градот.

Научниците со децении предупредуваа дека климатските промени ќе предизвикаат посилни и поинтензивни топлотни шокови. Како што пишува CNN, ова многу јасно го гледаме во примерот на Канада, но и во другите делови на северната хемисфера кои стануваат сè потешки за живеење. Така, патиштата на американскиот северозапад се топеа од жешко, а од дел од жителите на Њујорк беше побарано да не користат апарати за кои се потребни големи количини на електрична енергија, како што се машини за перење и сушари, бидејќи системот е преоптоварен со употребата на климатизери.

Ситуацијата не е ништо подобра во Русија: Москва забележа апсолутен рекорд на 23 јуни, температура од дури 34,8 степени Целзиусови. Ова им предизвика големи проблеми на земјоделците кои се обидуваат да ги спасат посевите од катастрофалните горештини и суши.

Десетици милиони луѓе се погодени од топлината во Индија, особено на северозападот на земјата. Индиските метеоролози минатата недела го прогласија Њу Делхи и неговата околина за област со екстремни временски услови, бидејќи температурите не паѓаа со денови, а се дури за седум степени повисоки од просекот во изминатите седумдесет години. Ситуацијата е тешка и во Ирак, каде властите прогласија неработен ден поради екстремните горештини. Температурите во четвртокот се движеа околу 50 степени Целзиусови, предизвикувајќи пад на системот за напојување.

Експертите велат дека е тешко да се сфати точната врска помеѓу сите овие настани, но тешко дека ќе биде случајност, особено затоа што екстремните горештини се случуваат на северната хемисфера.

„Феномените што ги гледаме во Канада и САД се поврзани со појас на силни топли ветрови лоцирани на околу 9.000 метри надморска височина“, објаснува извршниот директор на британското кралско метеоролошко друштво, Лиз Бентли. Таа додава дека феноменот ја предизвикал таканаречената „ Омега блокада“, што предизвикува ситуација во која нема соодветен проток на воздух.

Научниците не се оптимисти и сметаат дека вакви екстремни временски прилики ќе се појавуваат барем до 2100 година. Не ни оди во прилог и фактот дека некои светски политичари го негираат постоењето на климатските промени. Како и да е, научниците упорно работат на подигање на јавната свест и на анализи и симулации кои можат да ни помогнат, ако ништо друго, барем подобро да се подготвиме за можни екстремни услови.

На крај, да споменеме дека во минатото, таквата екстремна топлина во северозападниот дел на САД се случуваше на секои неколку илјади години. Тие се забележуваат на секои петнаесет години, заклучува CNN.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе