Триесетдневен притвор е одреден за малолетникот што со огнено оружје рани ученик во дворот на ОУ „Фан Ноли“ во тетовското село Палатица.
„Судијата постапувајќи по предлогот со решение на осомничениот му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Настанот се случил кога 17-годишник од Скопје, со пријавен престој во Палатица, истрелал куршум кон седмоодделенецот.
Детето, поради сериозноста на повредите, е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, врз него е извршен оперативен зафат и се наоѓа во животна опасност.