Притворени две лица кои пренесувале над 150 килограми марихуана по автопатот Скопје-Велес

Двајца скопјани, на возраст од 30 и 51 година, се осомничени дека во два автомобила пренесувале над 150 килограми дрога по автопатот Скопје-Велес.

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените се гони и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.

Двајцата осомничени скопјани, на возраст од 30 и 51 година, во две патнички возила на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, пренесувале наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена при извршена полициска контрола. Во првиот автомобил „Фолксваген туран“ била пронајдена јутена вреќа со 92.447,7 грама марихуана, додека во вториот автомобил „Опел зафира“ биле откриени 60.540 грама марихуана спакувани во патна торба.

– Со наредба издадена од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на двајцата осомничени, при што во домот на 30-годишниот осомничен во Визбегово биле пронајдени уште 16.213 грама марихуана, но и 11 куршуми со калибар 7,62х39 mm кои неовластено ги држел, соопштуваат од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство можност да влијаат врз сведоците и особени околности кои упатуваат дека би можеле да го повторат кривичното дело.​​

Тагови
реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Read more

Хроника

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Read more

Приведен вработен во „Комунална хигиена“ Скопје, нападнал колега од внатрешна контрола

Read more

Пожар во пречистителната станица кај Кочани, спречено ширење кон инсталација со метан

Read more

Уапсен 18-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе