Продолжен притворот за екс-директорот на УБК Владимир Атанасовски

Скопје, 3 јануари 2018 (МИА) – Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд во Скопје.

Судот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.

Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември, по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана како обвинети за „27 април“ го посочија како еден од организаторите на упадот во Собранието.

Првиот притвор на Атанасовски му беше одреден на 5 декември лани, откако ноќта беше приведен и однесен на распит во Кривичниот суд.

– Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор, соопшти тогаш ЈОРМ.

Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор врз три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.

Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков. На директорското место во тајната полиција остана до јуни 2017 година.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Read more

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе