Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно

Штрајкот во основните и средните училишта продолжува, додека градинките од утре ќе продолжат со редовно работење, информира претседателот на СОНК, Јаким Неделков по денешниот состанок на Советот на Синдикатот.

Вчера раководството на СОНК и Владата постигнаа договор за зголемување на платите од 12% со јулската плата, по кој денеска одлучуваше членството на Синдикатот, кое не го прифати предлогот.

– Нашето членство во текот на денешниот ден се изјаснуваше во однос на предлозите. Од вкупно 480 синдикални организации кои што дадоа податоци за нивното изјаснување, 388 беа за продолжување на штрајкот од утре, а само 83 беа за прекинување на штрајкот. Најголемиот дел од овие што се изјаснија за прекинување на штрајкот, се синдикалните организации од детската заштита, а без исклучок, огромниот број кои беа за продолжување на штрајкот се колегите кои се вработени во основното и средното образование. Советот на СОНК, со оглед на сумираните резултати, донесе одлука дека штрајкот во основното и средното образование продолжува и во текот на утрешниот ден се до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и Владата, нагласи Неделков.

Тој додаде дека Советот на СОНК, врз основа на изјаснувањето на синдикалните организации од детските градинки донел одлука во градинките штрајкот да се стави во мирување. – Тоа значи дека од утре градинките ќе почнат редовно да работат, посочи Неделков, додавајќи дека тоа е во интерес и на родителите, и на децата и на стопанството.

– Советот на СОНК во знак на незадволство од резултатите на преговорите одлучи да организара голем масовен протест пред Владата в среда на 4 мај 2022 година, истакна Неделков.

Штрајкот во основното и средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бара зголемување на платите за 18,4% веднаш и усогласување на останатите со минималната плата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе