Продолжува собраниската расправа за импичмент на Иванов

Собранието денеска, продолжува со расправата по предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, поднесена од пратениците од СДСМ, а поддржана од владејачката ДУИ.

Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна во понеделникот, а минатата недела собраниска Комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ и заклучи дека е неоснована.

Рената Тренеска ­Десковска од СДСМ образложувајќи го Предлогот рече дека основна
причина за поднесувањето на иницијативата е отсуство на секаква одговорност и
арбитрарното однесување на актуелната власт.

„Тој со дадените аболиции сакаше да ги затвори вратите за правдата, правичноста, еднаквоста и одговорноста во Република Македонија. Всушност тој сакаше да ги затвори вратите за решавање на кризата бидејќи кризата ќе заврши кога во Македонија повторно ќе се воспостави правната држава и правдата“, рече Дескоска.

Толкуваше дека со повлекувањето на дадените аболиции Иванов признал дека згрешил. „Призна дека неговите мотиви беа тесно партиски, а не државнички. Призна дека неговото однесување беше крајно неодговорно. Призна дека долеа масло на огнот и ретерираше, но тоа не го амнестира од одговорност“, рече таа.

„Неговото повлекување на аболициите треба да биде проследено со негова оставка. Ова Собрание денес е исправено пред тестот на Уставот, пред тестот на граѓаните, но и пред тестот на историјата, дали ќе го врати принципот на одговорност во Република Македонија“, рече  Дескоска.

Смета дека Иванов како претседател се ставил во одбрана на најтешкиот криминал.

Претседателот на Комисијата која требаше да ја оценува основаноста за покренување на постапката, Зоран Илиевски, соопшти дека Комисијата заклучила дека предлогот не е основан.

Комисијата е составена од 11 членови, во која мнозинство се пратениците од владејачката партија.

„Претседателот во вршењето на своите права, не ги прекршил Уставот и законите. Ние мислиме дека Уставот не е прекршен, оти тој утврдува право на Претседателот да дава помилување“, рече Илиевски од собраниската говорница.

Според бројот на пријавени пратеници, се очекува дебатата да трае неколку дена. За
донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе