Продолжува трендот на намален број заразени, во последната статистика нема починати лица

Во државата веќе неколку денови по ред се бележи тренд на намален број на новозаболени од COVID-19. Во вчерашната статистика од Министерството за здравство беа регистрирани осум новозаболени, а немаше починати пациенти.

Вкупно 3.265 тестирања беа направени во текот на вчерашниот ден. Од осумте новозаболени, тројца заразени се во Скопје, во Струмица двајца, a Куманово, Велес и Кичево по еден.

Притоа, регистрирани се 72 оздравени пациенти, и тоа од Скопје 23, Куманово, Прилеп и Кичево по 7, Гостивар и Охрид по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на COVID-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.624.

Бројот на оздравени пациенти е 149.862, а на починати е 5.475. Има вкупно 287 активни случаи.

Намален број на заболени од COVID-19 се бележи и во Албанија, и поради тоа оваа држава одлучи за македонските, но и за сите други туристи кои одлучиле летово да одмараат на нејзиното крајбрежје, да добијат бесплатен брз тест, доколку се пожалат од симптоми на COVID-19.

Албанската министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу вчера информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај.

– Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за COVID-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Facebook.

Инаку, во државата деновиве беше забележан уште еден случај на индиски сој на вирусот COVID-19. Сепак, надлежните соопштија дека пациентот не е во ризик, состојбата е под контрола.

Министерот за здравство, Венко Филипче уште еднаш напомена дека епидемиолошките анкети кои се направени не покажале постоење на ризик, и со тоа не постои никаква потреба од воведување дополнителни рестрикции.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе