Промени кај Оскарите: Нова категорија и пократки телевизиски преноси

Бордот на гувернери на Академијата вчера воведе нови измени за церемонијата за доделување на Оскари во кои е вклучена една нова категорија која ќе ги наградува популарните филмови.

Претседателот на бордот при Академијата, Џон Бејли, беше реизбран на вчерашниот состанок и за отворање на новиот едногодишен мандат предложи три измени со кои верува дека ќе се подобри квалитетот и угледот на церемонијата на доделување Оскари.

Тој напиша писмо во кое ги објасни предложените измени, кои веројатно ќе бидат применети веќе на следното издание на Оскарите. Како дел од измените беше претставена идејата за пократки телевизиски преноси на Оскарите, кои ќе ја ограничат церемонијата на три часа.

Новата категорија која ќе биде за првпат претставена на следното доделување на Оскари ќе се фокусира на популарните филмови кои ја доживеале премиерата во периодот за кој се доделува наградата. Дополнителни детали ќе дознаеме откако Академијата ќе одлучи кои ќе бидат критериумите и името на истата.

Третата измена се однесува на датумот на одржување на церемонијата. Наредното, 91-во издание на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари, додека 92-то (првото издание опфатено со измените) е преместено на 9 февруари.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе