Времето денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи. Во Скопје температурите ќе се движат од 9 до 25 степени.
Од понеделнок до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе придонесе пад на дневната температура за неколку степени.
Извесно стабилизирање на временската состојба и пораст на дневната температура се очекува од четврток, кога се очекува бидеме под јужно воздушно струење.