Во девет часот во Полицијата во Струга, во текот на вчерашниот ден, било пријавено дека во селото Вишни, покрај црквата „Св.Атанасиј“, при изведување градежни работи, била пронајдена неексплодирана рачна бомба од Втората Светска војна.
Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.