Протести на војската, полицијата и студентите во Белград

Полицискиот и воениот синдикат на Србија денес протестираат пред српската Влада поради незадоволителниот материјален статус на вработените во секторот за безбедносните сили и положбата во општеството, пренесуваат српските медиуми.

Кон демонстрантите се придружија и граѓаните, како и повеќето млади луѓе кои веќе шести ден протестираат поради незадоволство од победата на премиерот Александар Вучиќ на изборите за претседател на Србија.

Тие бараат смена на членовите на државната изборна комисија, регулаторното тело за електонските медиуми, уредникот на Радио-телевизија Србија, претседателот на Собранието, како и средување на избирачкиот список.

Насобраните носат српски знамиња и транспаренти „Ми го зедоа станот и пензијата, што е следно“, „Туѓото не го сакаме, своето не го даваме“, „Против дискриминација“ , „Против диктатурата на капиталот“, „Сакаме да живееме, не да преживуваме“ а се слуша и песната „Системот лаже“.

Синдикатот на војската и полицијата најавија дека денес ќе побараат од Владата да го почитува законот за работа и подобрување на состојбата во војската на Србија, која според нивните наводи секој ден ја напуштаат по четири лица.

Овој протест го поддржа и иницијативата „Не ви го даваме Белград“ наведувајќи дека учесниците во протестот се борат против намерата на Владата полицијата и војската да се приватизираат и да се претворат во партиски органи.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе