Протестите продолжуваат: „Шарената револуција“ го зафати и седиштето на ДИК

 

Вчерашните протести од таканаречената „Шарена револуција“, освен во Скопје се одржаа и во други градови. Демонстрантите во Скопје, овојпат фрлаа балони со боја врз зградата каде се сместени канцелариите на Државната изборна комисија. Истовремено, во девет градови, се одржуваа протести и на провладиното граѓанско здружение ГДОМ.

Со знамиња и свирежи, тие традиционално протестот го започнаа пред Специјалното јавно обвинителство. Оттаму под транспарентот „Државен изборен криминал – #протестирам“ колоната го продолжи маршот кон Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, поминаа и покрај Собранието и Агенцијата за медиуми, за да завршат пред Државната изборна Комисија.

Објектите беа под засилено полициско обезбедување, а дел од демонстрантите ги замолија полицајците да ги спуштат штитовите и да се приклучат на протестите.

Со цел да се заштитат полицајците од боја, демонстрантите понудија заштитни наметки за кордонот пред ДИК, но откако полицијата ги одби, дел од бојата заврши врз нивните штитови.

Балони со различна боја летаа кон зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“ каде што е сместена Државната изборна комисија, а демонстрантите од Шарената револуција се собраа пред ДИК оти на полноќ истече рокот во кој партиите требаше да ги поднесат листите со кандидати за избирачките одбори.

Во исто време се пуштаа и снимки од прислушуваните разговори од бомбите на опозицијата за изборните измами.

„Овде сме собрани за да и покажеме на Државната изборна комисија дека нема да дозволиме избори без прочистен избирачки список“, рекоа организаторите од „Протестирам“. Сметаат дека списокот не може да се прогласи за прочистен затоа што 300.000 лица од него се со сомнителни записи и дека од предвидените 80.000 лица за теренска проверка, 40.000 не биле најдени дома.

Демонстрантите пишуваа пораки на асфалтот пред зградата, извикуваа „Нема правда, нема мир“. Со ласери светеа кон канцелариите на комисијата каде што од прозоците ѕиркаа неколку жени.

На вчерашниот протест во Скопје му се придружи и поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере. Тој им се приклучи на демонстрантите пред зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата“, рече Фуере.

Според него, Иванов мора да ја повлече одлуката за аболција со цел да се обезбеди непречена работа на Специјалното обвинителство.

Во моментот додека тој даваше изјава, пред СЈО се појави и специјалната обвинителка Катица Јанева, која бурно беше поздравена од насобраните граѓани, а таа се насмевна и влезе во зградата каде што привремено е сместен нејзиниот тим.

Освен Фуере, поддршка на граѓанските протести дадоа и функционери од опозициската СДСМ,д одека на протестот можеа да се забележат граѓани од најразлична возраст.

Во среда прв пат се протестираше во Делчево, а демонстранти се собраа и во Штип, Велес, Прилеп, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Крива Паланка и Облешево.

Во среда протестираа и членовите и поддржувачите на невладиното здружение ГДОМ. Тие организираа протести со барање за избори на 5 јуни во Битола, Штип, Делчево, Тетово и Велес, а во Прилеп за малку бил избегнат инцидент помеѓу двете групи демонстранти.

реклама

Македонија

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе