Прв случај на пациент со COVID-19 тргнат од респиратор, оптимистички бројки на Институтот за јавно здравје

Од почетокот на појавата на коронавирусот, земјава вчера го регистрираше првиот случај на заболен пациент кој е тргнат од респираторна машина откако пред три недели бил примен во тешка состојба. Тој пет-шест дена примал озонска терапија, антибиотици и антиинфламаторни лекови. Оптимистички се и бројките на Институтот за јавно здравје кој евидентира 8 нови случаи, 1 починат и 21 оздравен пациент.

Триесет и седумгодишниот пациент кој е тргнат од респираторна машина е хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ и тој според директорот на болницата, Христијан Костов, сам дише и неговата состојба е стабилна.

– Му треба време на организмот. Ние пробуваме. Ако му падне сатурацијата (присуството на кислород во крвта) може повторно да го ставиме на респираторна машина. Мора да му се даде време. Неопходни се 24 до 48 часа за да сме целосно сигурни дека на пациентот не му треба респираторна машина. Ова е резултат на ангажманот на целата екипа во болницата која макотрпно работи, изјави Костов вчера за МИА.

Со новодијагностицираните пациенти, бројката на заболени во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 1.526 лица и на 86 починати. Сепак, бројката на оздравени надмина илјада, а бројот на активни случаи изнесува 427.

Според последните податоци што вчера ги објави Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1. Во ГОБ „8 септември“ вкупно се хоспитализирани 14 пациенти, 3 се на респираторна машина, а 4 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациента. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на COVID-19.

Здравствениот сектор вчера остана без првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев кој поднесе оставка од приватни семејни причини.

Неговата оставка беше констатирана на вчерашната владина седница. Дончев раководеше со ФЗОМ од 2017 година.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more
 

Вести

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе