Прво рочиште за „Сопот“ откако СЈО го презеде случајот

Во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште за случајот „Сопот“, откако тимот на СЈО во јули го презеде случајот. Во предметот 10 лица се осудени за кривично дело „Тероризам“.

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференција во мај изјави дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами, на кој доказ се изведени сите пресуди во случајот, е изнуден исказ. Фетаи тогаш рече дека МВР и службени лица извршиле кривично дело тортура врз сведокот. Вештачењето на СЈО покажало дека кај сведокот се утврдени последици по психичкото здравје, но бидејќи не оставиле трајни последици, таквите дејствија се застарени за да бидат гонети, па кривичното дело застарело во 2008 година.

Сепак, и покрај застареноста на гонење, доказите и фактите имаат директни импликации врз постапката која се води пред кривичниот суд, рече тогаш Фетаи. Обвинителката посочи дека за овој случај отвориле и предистражна постапка, но не обелодени детали.

Во еден од прислушуваните разговори, кои ги објави СДСМ, има разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, за случајот „Сопот“. Според снимката, Јанкулоска му сугерира на Мијалков дека за случајот треба да биде консултиран и тогашниот премиер Никола Груевски, за да се види како да се продолжи со овој чувствителен случај, при што и двајцата признаваат дека претходната пресуда со која беа осудени обвинетите, се потпира на „тенки докази“.

Десет жители на кумановското село Сопот, се осудени дека во 2003 година поставиле мина која експлодирала, при што загинаа двајца НАТО војници од полскиот контингент и еден македонски цивил. Инаку, судијата Горан Бошевски, од Одделението за организиран криминал кај кого се обвиненијата за случаите „Трезор “ и „ Тенк“, од минатата година е назначен за нов судија во случајот „Сопот“.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Како треба да се чува кромидот за да остане свеж?

Read more

Македонија

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Read more

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе