Објавени снимки од нападот

Пукање во училиште во Русија, најмалку 13 лица загинаа меѓу кои и деца

Б.С.Б.
/ 26.09.2022 / 10:52

Вооружен напаѓач уби најмалку 13 лица, а рани 20 во напад на училиште во централна Русија. Итната помош и безбедносните служби веќе се пристигнати на местото на настанот во градот Ижевск, пренесе BBC.

Најмалку 13 лица, меѓу нив и деца, загинаа во престрелка што се случи утринава во училиште во Ижевск, Русија. Бројот на жртви и повредени расте, а во тамошните медиуми веќе се откриени идентитетите на убиените деца.

Станува збор за училиште со скоро 1.000 ученици и 80 наставници. Напаѓачот наводно се самоубил, а мотивот за пукањето е непознат.

URL

Пукањето почнало за време на училиштен час, кога непознат маж облечен во црно влегол во училница и почнал да пука. Според досегашните информации, ранети се 20 лица. 

URL

„Вооружениот маж влегол во училиште, го убил работникот задолжен за обезбедување. Меѓу жртвите има и деца“, изјави претседателот на Удмуртија, Александар Бречалов.

Социјалните мрежи веќе се преполни со снимки и фотографии направени пред училиштето, каде има голем број припадници на безбедносните сили.

Училиштето се наоѓа во центарот на Ижевск, главниот град на руската република Удмуртија, со околу 650.000 жители.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе