Пукотници во парламентот на Иран и напад врз мавзолејот на поранешен лидер

овредени се неколку лица во вооружената престрелка во парламентот на Иран. Точниот број на повредени лица не е утврден, но се знае бројот на напаѓачите. „Тројца напаѓачи во парламентот на Иран, засега се повредени две лица. Престрелката трае“, објави новинската агенција Тасним на Twitter.

Агенцијата исто така објави дека во тек е заложничка криза и дека еден од напаѓачите е уапсен, но овие информации официјално не се потврдени.

Од друга страна, агенцијата ФАРС пишува дека еден од напаѓачите почнал да пука кон обезбедувањето. Агенцијата тврди дека се повредени двајца цивили и еден чувар на Исламската револуционерна гарда, додека еден азилант бил уапсен во ходникот на парламентот додека се обидувал да побегне.

Набргу по нападот во парламентот се случил уште еден инцидент во мавзолејот на имамот Хомеини каде исто така дошло до невини жртви.

Иранската државна телевизија на својата интернет страница објави дека четворица терористи, вклучувајќи и бомбаш самоубиец, го нападнале мавзолејот на некогашниот лидер, ајатолахот Хомеини. Според овој извор, чуварите застрелале еден од напаѓачите, а за време на нападот била уапсена и една жена. Потоа еден од напаѓачите се разнел активирајќи експлозивна направа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе