Путин: Русија работи на ослободување на заложниците во Газа

Макфакс
/ 08.02.2024 / 08:11

Рускиот претседател Владимир Путин им рекол на лидерите на руската еврејска заедница дека Москва постигнала конкретни резултати во дипломатските напори за ослободување на заложниците во Газа, пренесоа руските новински агенции.

Новинските агенции објавија дека Путин ова го кажал на средбата со главниот руски рабин Берл Лазар и со шефот на Федерацијата на еврејските заедници Александр Бород. Путин рече дека Русија ги искористила своите контакти со политичкото крило на Хамас.

Израел ја започна својата воена офанзива откако милитантите од Газа, управувани од Хамас, го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници.

„Знаете, бидејќи ситуацијата стана понапната на Блискиот Исток, Русија прави сѐ за да им помогне на заложниците“, ги цитираат руските медиуми зборовите на Путин.

„Како што е познато, нашето Министерство за надворешни работи работеше преку политичкото крило на Хамас и, генерално, имаше конкретни резултати“, додаде рускиот претседател, но не даде детали.

Русија, која се приближи до Иран по инвазијата на Украина пред речиси две години, ја повтори својата поддршка за палестинската државност и ја критикуваше израелската офанзива во Појасот Газа.

Москва изјави и дека насилството на Блискиот Исток е одраз на неуспехот на американската политика во тој регион.

Путин рече дека напорите на Москва се насочени кон помош на руските граѓани, но и на „старите луѓе и членовите на нивните семејства кои го преживеале Холокаустот“.

Повикувањето на Путин за преживеаните од Холокаустот дојде еден ден откако руското Министерство за надворешни работи ја критикуваше израелската амбасадорка Симона Халперин за нејзините „непримерни изјави“ за рускиот весник Комерсант.

Халперин во интервју рече дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го минимизира холокаустот и дека Русија е премногу пријателска кон Хамас.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Сончева бура каква што не е забележана 20 години ја погоди Земјата

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Свет

Трамп: ООН требаше да ги реши сите војни што јас ги решив

Read more

САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин

Read more

Фредериксен: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД

Read more

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Read more
 

Вести

Трамп: ООН требаше да ги реши сите војни што јас ги решив

Читај повеќе

Повремени локални врнежи од снег, температурите до 6°C

Читај повеќе

Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја

Читај повеќе

Забрани за камиони на неколку планински превои низ Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Снегот се натрупува, отежнато движењето по улиците низ Чаир и Бутел

Читај повеќе

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки наводно испратени од Безбеден град и да не споделуваат лични податоци

Читај повеќе

САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин

Читај повеќе

Фредериксен: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД

Читај повеќе

МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 км/ч

Читај повеќе