Работилница за невладините организации: Енергија од отпад потенцијал за решение во енергетската криза

Создавање енергија од отпад и нејзиното користење во цементната индустрија од Западен Балкан беше темата на работилница која се одржа во Скопје, а на која учествуваа претставници од невладините организации, институциите и компаниите.

Работилницата е дел од регионалниот проект „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан“, имплементиран преку Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). Главна цел на овој проект е едукација, информирање и поврзување на засегнатите страни и експертите во областа за да се унапреди користењето на алтернативните горива. Покрај тоа, идејата е преку истражувања и учество на експертите да се претстават технолошките процеси за користење на алтернативни горива и регионалните и европски примери за добри практики. Во услови на енергетска криза и огромен раст на цените на енергенсите, поголемата употреба на алтернативни горива е едно од решенијата на актуелниот предизвик со кој се соочуваме. Овој потенцијал на алтернативните горива и неговото користење во одредени индустрии беше особено акцентиран, истакнувајќи го овој енергенс како исклучително актуелен.

На работилницата се дискутираше и за постигнување на целите на Парискиот договор за нула емисии на јаглерод диоксид во воздухот до 2050 година, преку поголема примена на алтернативните горива во индустријата. Имено, употребата на алтернативни горива во цементната индустрија значително придонесува кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Беше оценето дека е неопходно воспоставување соработка и партнерство меѓу сите засегнати страни, како што се институциите, организациите, компаниите, експертите, науката и меѓународните поддржувачи, како и подигнување на свеста во јавноста за оваа тема. Покрај тоа, во овој процес важно е да се презентираат информации за веќе имплементираните технологии и иновации и за постоечкото повеќедецениско искуство, знаење и пракса од користењето на алтернативни горива како енергенс во развиените земји од Европската Унија.

Дополнително, беше потенцирано дека само преку координирани и структурни активности во секој сегмент од работењето на институциите, компаниите и организациите ќе дојде до реализација на овие цели и забрзување на процесот на декарбонизација и ублажување на климатските промени.

Пред учесниците свое излагање имаа Ана Мазнева Каранфиловска, раководителка за управување со отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање и Атанас Маженковски, советник на директорот на Царинската Управа, кои ја претставија законската и институционална рамка за алтернативните горива во земјава. Исто така, на темата за добрите практики за третман на отпад свое излагање имаше професорот од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” д-р Даме Димитровски, додека пак за улогата на индустриите во процесот зборуваше Наташа Бакревска, менаџерка за заштита на животната средина во Цементарница Усје.

Пред присутните беа презентирани и клучните наоди од физибилити студијата изработена во рамки на проектот од страна на истакнатиот економски експерт во областа, Николаос Куфакис.

Регионалниот проект: „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан“, што тековно се спроведува во Северна Македонија, Србија и Албанија (март 2020 – декември 2022) е дел од програмата за соработка со бизнис секторот, реализиран со финансиска поддршка на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ) и приватниот сектор. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе