Работниците побрзо би дале отказ отколку да се вратат во канцеларија

Пандемијата и работата од дома им покажаа на вработените поинаков начин на работа, а резултатот беше зголемување на нивните очекувања затоа што открија дека можат да работат надвор од канцеларија, подалеку од колегите и шефовите. Дополнително, на мнозинството им беше дадена можност за флексибилно работно време.

Затоа воопшто не е чудно што голем број луѓе сè уште не се подготвени да се вратат на старите начини, туку уште претпочитаат да работат од дома. Огромното мнозинство од нив се дури и подготвени да ја напуштат својата работа само за да избегнат да се вратат во канцеларија.

Според најновото истражување, 61 процент од милениумците се подготвени да ја напуштат својата работа доколку мораат повторно да работат во канцеларија пет дена во неделата. Полно работно време во канцеларија се чини дека е дел од минатото, бидејќи истражувањето Employment Hero потврди дека поголемиот дел од вработените луѓе на возраст од 18 до 44 години претпочитаат да работат од далечина.

Дури 88 отсто од испитаниците рекле дека работат од дома барем еднаш неделно, а на прашањето која е главната причина за останување дома, 22 отсто од нив одговориле дека тоа ја зголемува продуктивноста, додека 20 отсто одговориле дека работата на далечина го подобрува квалитетот на работата.

Вработените повеќе се посветуваат на своите семејства

Ден, новопечен татко, изјави за News.com дека работата од дома му овозможила да поминува повеќе време со своето семејство, што стана уште поголем приоритет за време на пандемијата. 

„За работа ми треба само лаптоп, телефон и брз интернет. Нема потрошено време за патување до канцеларија, залудно потрошено време на состаноци или секојдневни разговори. Со оглед на тоа што во меѓувреме станав татко, заштеденото време можам да го искористам за зацврстување на врската со сопругата и детето“, објасни тој.

Во споменатото истражување учествуваа и работодавците, кои беа прашани зошто и по карантинот продолжуваат да поттикнуваат работа од дома. 34 отсто рекле дека ја подобрува благосостојбата на вработените. Нешто повеќе од 30 отсто од работодавците рекле дека тоа го подобрува задоволството на вработените, 23 отсто рекле дека тоа се должи на барањата на голем број вработени, додека 22 отсто рекле дека тоа се должи на зголемената продуктивност.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе