Рајола немилосрден кон Фергусон: Не ми е гајле што ќе каже

Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата во договорот на Пол Погба во октомври, што го врзува за „Олд Трафорд“ и следната сезона, но благодарение на неговиот агент Мино Рајола, секогаш се шушка за трансфер на Французинот.

Погба пристигна во Манчестер во 2009 година како 16-годишник, но веќе во 2012 година замина во Јувентус без обештетување по само седум кратки настапи за првиот тим. Четири години подоцна, Јунајтед плати 105 милиони евра за неговото враќање, што беше светски рекорд во тоа време.

Сер Алекс Фергусон рече дека тоа е Рајола „му ја наполнил главата“ на Погба за заминување и го изманипулирал, а агентот му возврати во интервју за The Athletic, не бирајќи зборови за да покаже колку го презира легендарниот Шкотланѓанец.

„Критиките на Фергусон ми се најубавиот комплимент Тоа е како Сеп Блатер да рече дека не ме сака. Фантастично! Не ми е гајле што ќе каже Фергусон. Навикнат е да е опкружен со луѓе кои му одговараат со ‘Да, господине“, рече тој.

Рајола тврди дека во 2012 година сакал Погба да остане на „Олд Трафорд“ и дека настаните што следуваа само покажаа дека тој е во право.

„Кога Фергусон замина, Јунајтед повторно го купија Погба и така ми покажаа дека сум во право. Не сакав Погба да си замине, но Фергусон не веруваше во него“.

Контроверзниот и гласен Италијанец, кој се грижи и за кариерите на Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Холанд и Џанлуиџи Донарума, воопшто не му пречи што со бомбастичните изјави си го расипал односот со клубот.

„Не ми е гајле ако никогаш повеќе не соработувам со Манчестер Јунајтед. Јас не сум во нивни раце, јас сум независен. Имаме само една страна за која се грижиме, а тоа се играчите. Ако тие нè сакаат, правиме сé што е потребно за нив“, објасни Рајола.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе