Рашковски осуден на 8 години казна затвор

Првообвинетиот Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од 8 години. Второобвинетиот Ивица Димитровски доби 5 години казна затвор. На Игор Христов му е одредена казна од 5 години и 6 месеци. Четвртообвинетиот Даниел Станчев е осуден на 4 години. Ирена Ивановска доби 3 години и 6 месеци, а хонорарците Игор Ивановски и Маја Силјановска добија по 3 години затвор. Казните ги изрече судечкиот совет, чиј претседател е судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска.

Што направиле

„Софтвери“ е предмет отворен по допрен глас од обвинителката Ивана Трајчева. Обвинението е за набавка на два софтвера и исплата на хонорари. Првиот софтвер е за сообраќајни прекршоци и биометриска идентификација, кој, според обвинителката, никој не ги користел, а Генералниот секретаријат со кој управуваше Рашковски ги набавил иако немал надлежност за тоа. Дополнително, обвинителката докажуваше дека тендерите биле наместени.

Вториот дел од обвинението е за хонорарите. Тој склучувал авторски договори со физички лица што не ги извршувале работните обврски. Според обвинението, тие подигнувале дел од парите и му ги враќале на Рашковски. Со тоа е направена штета на буџетот во вкупен износ од 1.320.000 денари.

За што се гонат

Првообвинет е Рашковски. Обвинет е дека сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Дополнително, во текот на постапката му беше ставено на товар уште едно кривично дело – фалсификување исправа бидејќи презентира извод од банка со нецелосни податоци, а ги претставуваше како целосни.

Второобвинет е Ивица Димитровски, професор на Факултетот за информациски технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и ангажиран во Генералниот секретаријат. Се гони за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Според обвинението, иако изготвувал техничка спецификација за тендерите, истовремено учествувал и во постапките за јавни набавки за нив – во едната како изведувач, во другата како подизведувач. И Димитровски се товари дека ги враќал парите што му биле исплаќани од Генералниот секретаријат.

Третообвинет е Игор Христов. Станува збор за сопственик фирмата „ГБЦ системи“. Доколку се следи текот на набавката на опремата, која секогаш завршувала во Генералниот секретаријат, ќе се утврди дека секоја фирма што склучила некој од четирите договори за јавни набавки ја набавила од неговата фирма. Истовремено, и тој бил надворешен соработник во Владата. Рашковски и сам призна дека се стари пријатели.

Даниел Станчев е четвртото обвинето лице. Тој е сопственик на фирмата „Инвока груп“ за која јавноста дозна кога беше утврдено дека користела простории на Правниот факултет, каде што предава првообвинетиот Рашковски. Според презентираните пораки од Обвинителството, тој бил во постојана комуникација со Рашковски кога се подготвувале тендерите, кога се спроведувала јавната набавка и се договарале за последна цена во јавната набавка. Сите овие пораки беа презентирани во судница, а Рашковски никогаш не ја демантира содржината, туку само дека не се гледа неговото име. Притоа обвинителката на секое рочиште потенцира кои лица и броеви биле во посочените Viber-групи, меѓу нив и Рашковски, потпишан како „Перо 078“. Дури и обвинетите кога контактирале меѓусебно, зборувале за „Перо“, а според обвинението, тоа е Рашковски. Тој негира дека има ваков прекар.

Хонорарците што се гонат дека зеле пари без да работат се Игор Ивановски и Маја Силјановска. Истовремено, хонорарец е и Ирена Ивановска, која ја има во комуникациите од Viber-групите заедно со Станчев и Рашковски. Обвинението е дека Ирена Ивановска им ги дава своите извештаи на својот брат Игор Ивановски и на Маја Силјановска за тие да ги достават извештаите само со сменето име. Дополнително, двајцата хонорарци Игор и Маја, според обвинението, враќале дел од парите што завршувале кај Рашковски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе