Расте бројот на заразени и починати од Ковид, Филипче бара итно носење на законските измени

Есенскиот бран на COVID-19 зема сè поголем замав. Бројот на заболени расте, а државите воведуваат порестриктивни мерки во обид да го спречат ширењето на вирусот.

Во земјите од регионот, Хрватска вчера забележа 2.421 нови случаи што е досега најголем број на заболени пациенти во еден ден во оваа држава. Словенија регистрираше речиси 2.000 новозаболени, а Бугарија 1.043 нови случаи.

Романија пријави нови 3.855 случаи, Велика Британија 19.790 случаи, а нов дневен рекорд на заразени регистрираше и Италија, дури 21.271 лице.

 

Нов црн биланс на заболени и починати регистрираше вчера и Министерството за здравство. Во земјава во изминатите 24 часа битката со коронавирусот ја изгубија 22 лица, а регистрирани се нови 561 случаи од направени 1.901 тестирање со што процентот на новозаразени се искачи на 30.

Најмладиот пациент кој почина од Ковид е на 35-годишна возраст, а најстариот на 81-годишна возраст. Освен двајца пациенти, сите останати се починати во болнички услови.

Повеќе од половина од новозаразените се од Скопје, односно 271 лице. 

Болничките капацитети се речиси полни, а се полни и модуларната болница. Речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се нови 17 пациенти, а вкупната бројка на хоспитализирани е 137 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми, а вкупно се хоспитализирани 49 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, како и 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Кумво, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на COVID-19.

– Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран, апелираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на Facebook напиша дека очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени и повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.

„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со COVID-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата“, напиша Филипче.

Заради зајакнување на капацититети веќе е најавено поставување на 16 мини Ковид одделенија, а министерот за здравство Венко Филипче најави и зголемување на термините и на бројот на тестови.

Сетот на препораки за носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од четири лица на отворено и ограничување на бројот на гости во домовите се уште чека да добие зелено светло од Собранието каде власта и опозицијата се уште се надмудруваат дали да работат онлајн или со физичко присуство.

Владата веќе донесе мерки со кои го ограничи работењето на угостителските објекти до 23 часот, освен за оние кои вршат испорака и препорача да се ограничи капацитетот на патници во автобусите на 50 проценти од вкупниот број на патници. На државната и јавна администрација, општините и судовите им препорача да работат онлајн или да ја организираат работата во смени. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе